БЕНО РУСО И РОЗА КАМХИ: ГОДИНИТЕ СИ ГО ПРАВАТ СВОЕТО

Downloadable video file

Бено и Роза се вљубија некаде во триесеттите години на минатиот век, а во 1946 година тие се венчаа. Во меѓувреме, најголемиот број од македонските Евреи, поточно над 7. 400 беа депортирани во логорот на смртта Треблинка. Ниту еден од нив не се врати жив дома. Бено и Роза, заедно со неколку нивни пријатели Евреи, на неполни дваесет години зедоа пушка в рака и им се приклучија на партизаните во борбата против фашизмот. Кога во 1945 година војната заврши Бено имаше само 24 години. Тогаш тој стана генерал. Оваа приказна не води низ бурни времиња се до 2011 година, при тоа опфаќајќи го перидот на смртта на Тито, распаѓањето на СФР Југославија, па се до отворањето на најголемит Музеј на Холокаустот во јужна Европа. На овој начин филмот е исклучително значаен при реализацијата на наставата по историја, историјата на Евреите и изучувањето на холокаустот.
Интервјуто со Бено Русо и Роза Камхи беше направено од страна на Рејчел Чанин во 2005 година. Филмот, кој всушност се базира на ова интервју е направен на барање на Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, во Скопје. Таму истиот се прикажува како составен дел од музејската поставка. Филмот е изработен во Македонија во режија на Стојан Вујчиќ и Апостол Тноковски, при што двајца реномирани актери ги читаат улогите на Бено и Роза. Со кликнување на копчето play ќе ве одведеме на сајтот на Музејот бидејќи овој филм е исто така прикачен и на Музејскиот сервер.

Study Guides

Македонска верзија

Букурешкиот договор бил склучен на 10 август 1913 година помеѓу Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и Грција. Согласно овој договор, територијата на етничка Македонија е поделена на три дела: Егејска Македонија и била доделена на Грција, Вардарска Македонија била приспоена кон Србија,  додека пиринскиот дел од етничка Македонија и бил доделен на Бугарија.

Sephardim

Сефарди се оние Евреи кои имаат потекло, односно ги следат традициите и обичаите на Евреите кои живееле на Пиринејскиот Полуостров (денешна Шпанија и Португалија) пред нивното протерување кон крајот на 15 век. Се нарекуваат Сефардим, зошто зборот „Sepharad“ на Хебрејски значи Шпанија. Во религиозна смисла на зборот, терминот Сефарадим се однесува на сите Евреи кои применуваат Сефардски стил на литургија. На тој начин овој термин го опфаќа најголемиот  дел од Евреите кои водат потекло од Средниот Исток, без оглед на тоа дали историски се поврзани со Пиринејскиот Полуостров или не.

Ладино

Ладино, или Жудео-Шпански , е јазикот кој го зборуваат Евреите Сефарди. Тој се претворил во посебен јазик на Евреите од Шпанија по нивното протерување од Пиринејскиот Полуостров кон крајот на 15 век. Отсечени од понатамошниот развиток на јазикот кој тогаш се зборувал во Шпанија, Сефардите продолжиле да го зборуваат истиот јазик во заедниците и државите каде што се доселиле. На тој начин, јазикот Ладино ја одразува  граматиката и вокабуларот на Шпанскиот јазик од 14 и 15 век.

Read biography