Lesson Plans

Displaying 1 - 11 of 11 results
Title Language For grades Documents
Zahor - To Remeber Part 2(Macedonian translation)
Módszertani segédanyag
mk
Zahor – To Remember (Macedonian Translation)
Módszertani segédanyag
mk
Centropa Насоки за Наставен Час (Македонски јазик)
other projects
mk University
Истражувајќи ја Битола преку филмот за Бено и Роза
History
The city as an interactive classroom.A research project about Jewish life in Bitola before WW2, consisting of six 40 min. lessons and centering around the film "The years make their own" about the life of Beno Ruso and Roza Kamhi.
mk 6
Lesson plan- OU Dobre Jovanovski, Prilep
History
 Училиште:ООУ "Добре Јованоски" Прилеп  Наставник:Емилија Богданоска -ТрифуновскаДен на реализација:12.11.2012Наставен предмет:ИсторијаОдделение:6Наставна тема:Додатна наставаНаставни единици:Стекнати впечатоци и знаења од дводневната екскурзијаТип на часот:Нови знаењаЦел на часот:·       Учениците да стекнат основни познавања за:·       потеклото на Евреите во Македонија.·       нивните обичаи, верувања и занимања·       каде биле најбројни·       кога, кој и како ги истребил Евреите од МакедонијаЗадачи на часот:·       запознавање на учениците со видот на изработката, содржината и изгледот на изработката како и со критериумите за нејзино вреднување·       пронаоѓање на податоци за:·       потеклото на Евреите од Македонија·       обичаите, верувањата и занимањата на Евреите од Македонија·       најбројните еврејски заедници во Македонија·       кој, кога и како ги истребил Евреите од Македонија·       изработка на презентацијата·       презентирање и вреднување на изработкитеНаставни форми:Индивидуална и групна;Наставни методи:Изстражување со примена на ИКТ во наставатаНаставна техника:WEB QuestНаставни средства:Наставно ливче, историска карата, Интернет одредишта, чек листа.      Тек и содржина на часот (активности):НаставникУченикЕвокација·       го поделувам наставното ливче – WEB Quest во кое се дадени прецизни упатства за целта, видот на изработката, начинот на нејзино изработување, изворите на податоци и критериумите за вреднување и·       доколку има одговарам на евентуални прашања за појаснување·       учениците го проучуваат наставното ливче и доколку имаат потреба поставуваат прашања за појаснувањаСфаќање на значењето·       доколку има потреба  ги насочувам учениците како да ги зачуваат пронајдените податоци·       ги пронаоѓаат бараните податоци и истите ги зачувуваат во соодветни папки и формати·       им давам техничка поддршка на оние ученици кои имаат потреба од неа·       ги насочувам како да ги искористат пронајдените податоци·       изработуваат изработката (презентација) користејќи ги пронајдените податоци и следејќи ги упатствата за изгледот и содржината на презентацијата дадени во наставното ливчеРефлексија·       ги вреднувам презентациите на секоја од групите·       секоја група ја презентира својата презентацијата·       ги вреднуваат презентациите на другите групи·       ги насочувам како да изработат една заедничка презентација·       секоја група предлага по еден свој член за изработка на една заедничка презентација    WebRep currentVote  noRatingnoWeight           
mk 6
Lesson plan - Dobre Jovanovski primary school, Skopje
History
This lesson plan consists of a Powerpoint presentation that you can download  bellow.WebRep currentVote  noRatingnoWeight           
mk 6
ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС
History
WebRep currentVote  noRatingnoWeight           ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС              дата  29.01. 2013 Наставен предмет: англиски јазик  осмоНаставна тема: дигитализација во наставатаНаставна единица: филм „Годините си го прават своето“Вид на часот:  обработкаМетоди и техники: ИКТ, индивидуална, зсуНаставни средства: ЛЦД проектор, наставни листовиЦели на часот:- да се запознаат со дел од еврејската историја и холокаусттот- да претпоставуваат-да следат филм на ангклиски јазик и да одговараат на прашања за него- да зборуваат за минати дејствијаОРГАНИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ НА ЧАСОТАктивности на наставникот Активности на ученикотЕвокација:Наст. Ги дава имињата Русо и Камхи ипрашува штомислат за нив, која националност се. Евокација:Учениците  кажуваат мислење.Сфаќање на значењето.Им дава наставни листови со прашања со претпоставки за она што ќе го видат. Тие пишуваат. Наставникот бара учениците да го дадат своето мислење и накратко ги запишува одговорите.Им го проектира филмот.Прашува кои биле вистинските одговори и прави споредби со она што претходно го одговориле.Потоа им остава време да ги одговорат  и другите  подетални прашања во врска со филмот.  Проверува и дава мискење.Учениците пишуваат што претпоставуваат и го кажуваат своето мислење. Потоа Го следат филмот . Ги споредуваат одговорите кои ги дале пред презентацијата и ги детектираат разликите.. Ги читаат одговорите. Потоа  одговараат и на  подетални прашања, во врска со филмот. Ги читаат одговорите и дискутираат за темата.Рефлексија:Им дава чек листа да ја пополнат сами во врска со нивните знаења за холокаустот кои ги стекнале по гледањето на филмот и за чувстават кои филмот ги побуди. Рефлексија:Учениците ј пополнуваат чек листата за своите знаења за холокаустот по гледањето на филмот и за шувствата кои им ги побудил. 
mk 8
Дневно планирање | Граѓанско образование
other projects
WebRep currentVote  noRatingnoWeight           Дневно планирањеГраѓанско образованиеУчилиште: Наум Наумовски БорчеНаставник: Лилјана СтефановскаПаралелка: VII/8 а,б,вТема: Човекот, човековите права и слободиНаставна содржина: Човекови права и слободиТип на часот : вежбиДата на реализација: 01.03.2013 год.Цели на часот:• да ја сфати важноста на основните човекови права и слободи;• да ги анализира последиците од непочитувањето на основните човекови праваОбем и редослед на содржината:• 1 (еден) наставен час;• Човекови права и слободи(живот, слобода, слобода на мислата, слобода на движење, вероисповед, правично судење, право на државјанство);• Клучно прашање: Која е важноста на основните човекови права и слободи?Методи за утврдување на предзнаењата:• За дијагностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која овозможува поврзување на стекнатите знаења за наставната тема.Методи и техники на учење• дијалог• демонстрација• дискусија• бура на идеи• актуелизирање• проблематизирање• презентација• дигитална содржина• Грозд- метод Методи за оценување (формативни и сумативно):• Постигнатоста на целите и учењето на учениците се оценува формативно преку демонстрација на практични изведби, усни презентации, разговор со учениците, усни одговори на прашања поставени од ученици, усни одговори на прашања поставени од наставникот.Наставни средства и материјали:• ИКТ (Power Point);• LCD- проектор• учебник по Граѓанско образование;• училишна работилница, практикум по Граѓанско образование  ;• стандардна опременост на училишната работилница;• други извори на учење во непосредната околина - појави во општеството и односите меѓу луѓето.Воведни информации на наставникот:На овој наставен час ќе се утврдат основните или граѓански права и слободи.Учениците ги анализираат и донесуваат заклучоци за важноста на основните човекови права и нивното почитување.Активност на наставникот и учениците:Наставникот врши поврзување на претходната наставна содржина со активностите кои следат со поставување на кратки прашања. Ги запознава  учениците со целите на часот. Дава вовед во активноста во која треба да ги определат основните  човековите права и слободи со помош на Грозд Метода.  (5 мин)Наставникот врши презентација на тема “70 години од холокаустот на Евреите во Р.Македонија“. Ги запознава учениците со историјата, културата, традицијата,религијата и вредностите на Евреите во Р.Македонија.(10 мин.) Ги определува поимите холокауст и геноцид. Дискутира со учениците за основните човекови права кои се повредени во однос на Евреите во Р.Македонија.(5 мин.)  Потоа наставникот презентира дигитална содржина- краток филм “ Браќа засекогаш“, посветен на еврејското семејство Леви од Штип.(10 мин.) Развива дискусија која води кон анализа на впечатоците, чувствата, сознанијата и последиците од непочитувањето на основние човекови права и слободи.(5 мин.) Дава усна повратна информација за извршената анализа и степенот на усвоеност на наставниот материјал. На крајот од часот проверува колку учениците ги усвоиле поставените цели.(5 мин)Учениците ги повторуваат усвоените содржини со одговарање на поставените прашања со примена на Грозд метода. Потоа ја следат презентацијата за животот на Евреите во Р.Македонија и се запознаваат со нивната историјата, култура, традиција, религија и вредности. Се запознаваат со поимите холокауст и геноцид и преку дискусија определуваат кои основни човекови права и слободи се повредени и не се почитуваат. Ја следат презентацијата на дигиталната содржина- краток филм “ Браќа засекогаш“. Дискутираат за впечатоците и сознанијата до кои дојдоа со анализа на животот и судбината на семејството Леви од Штип. Ги слушаат усните повратни информации за степенот на усвоеност на основните  човекови права и слободи.На крајот од часот проверуваат колку ги усвоиле поставените цели.Домашна задача: гледајте го филмот за “Бено Русо и Роза Камхи“ на веб страната  centropa.org.Напишете состав за животот на Бено и Роза со наслов “Живот достоен за почит“.Очекувани исходи:•  ја сфаќа важноста на основните човекови права и слободи;• ги анализира последиците од непочитувањето на основните човекови праваЕвалуација на часотПостигања: Учениците ги постигнаа поставените цели на часот, ја сфатија   важноста од почитувањето на основните човекови права и слободи. Ги  проширија знаењата за историјата, културата, традицијата, верата и вредностите на еврејската заедница во Р.Македонија. Се запознаа со животот и судбината на семејството Леви од Штип. Успешно ги анализираа последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи.Потешкотии: Некои ученици на почетокот имаа потешкотии во сфаќањето на важноста на основните човекови права и слободи, и во  анализата на  последиците од непочитувањето на основните човекови права, кои подоцна во текот на часот беа надминати.Импликации за работа во иднина: дополнително објаснување на активностите кај учеици кои имаат потешкотии во учењето.Следени ученици од VII/8 а одд.Сара Мирчевска: внимателно ги следи презентациите покажува креативност во анализирањето на последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи. Успешно дискутира.Виктор Наковски: внимателно ги следи презентациите, ги сфаќа  последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи. Успешно дискутира.Марио Трајковски: ги следи презентациите, ги сфаќа  последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи. Дискутира со потешкотии. 
mk 7
Холокаустот и страдањата на Евреите за време на Втората светска војна.
History
WebRep currentVote  noRatingnoWeight           Холокаустот и страдањата на Евреите за време на Втората светска војна.   Студена зимска вечер. Додека бев седната во топлата соба, удобно сместена покрај старата печка и слушајќи го отчукувањето на часовникот, една мисла ме понесе далеку, во еден друг свет. Се наоѓам некаде во бескрајната вселена и ја набљудувам нашата планета со нејзините убавини.  Им се  восхитувам на синилото, зеленилото, белината , сето тоа помешано меѓу себе. Таа комбинација на бои гледана од околу изгледа прекрасно.  Но дали навистина е така? Дали се е мирно, тивко и убаво на земјата?  Но, ако за момент навлеземе во било кој дел од континентите, ќе забележиме многу разлики.  Некои луѓе се среќни, весели полни со живот, а некои пак  се тажни несреќни, очајни од својата судбина и живот во кој надежта секој ден полека исчезнува или веќе ја нема. Па си помислувам : ‘‘Грев ли е да се биде човек, да се биде живо суштество, грев ли е да се биде дете? Грев ли е да се расте и љуби? Ако сепак е грев, тогаш Господ е грешен! Болна е и самата помисла’’, а планетата е една . Чекориме по иста земја. Нè грее исто сонце.  Но, сепак не сме сите исти. Постоеле голем број луѓе и една страшна омраза, побудена од разликите на кожата, која за жал и сега е присутна во некои земји. Националистичките стремежи, желбите за доминација на својот над друг народ се дополнителна причина за безмилосните убивања на невини луѓе.  Сите сме сведоци на една таква војна, присутна на нашиве простори. Зар малку беа сите оние животи дадени во Втората светска војна? Германиците очигледно не го сфаќале сознанието дека животот е убав и единствен, дека секој треба да живее како што сака... дека животот чиј и да е – не е нивна сопственост.Не смееле да ја гаснат штотуку запалената свеќа, да одземат нечие ’’утре‘‘, најчисто еврејско ’’утре‘‘. А тоа го правеле.Пепелот во логорите зборуваат за тоа уништување на животи. Колку ли само искри згаснаа? Колку ли само ѕвезди го изгубија сјајот? Искрите ќе направеа сонце, ѕвездите небо... Нема човек кој нема да го заинтересира судбината на овој народ.. За неговото име се врзани векови и до ден  - денес  тешки борби за добивање на своите основни права. Раселен низ целиот свет, кај овој достоинствен народ никогаш не згаснала, не гасне, а нема ни да згасне љубовта спрема тоа што сè. Нема поизмачен народ од овој. Од поновата историја концентрационите логори се само неми споменици за непоправливите неправди спрема еврејскиот човек. Огромни се страдањата на еврејскиот народ. Многу книги, филмови, споменици сведочат за тоа. Зашто маките на евреите морале да бидат толку големи? Сето тоа се случувало поради суровоста на овој безмилосен свет.                                   * * *  Нов ден. Сеуште треперливи улични светилки ја разбиваа мрачната монотонија. Се раѓаше нов ден, 11 март, во тешката и мачна  ’43 – година.Градот спиеше. Се лулееше руменилото на мугрите. Започна  грубото изнесување од  домовите на сé уште сонливите деца, нивните родители, нивните најблиските. Паника се чувствуваше на улицата на Евреите кои брутално беа изнесувани од нивните домови. Еврејското население со камиони и пеш го започна својот долг пат, пат кон неизвесност и ужас, патот кон смртта.Од камиони Евреите беа префрлени на железничката станица каде што во 14 вагони, во 15 часот тргнаа кон Скопје. Штипскиот транспорт, заедно со транспортот на Евреите од Битола, пристигнаа во Скопје на полноќ. Тој ден градот Штип осиромаши за 131 семејство со вкупно 553 граѓани. Мал беше бројот на оние штипски Евреи, кои по игра на судбината успејаа да  се спасат од окупаторот. Сите беа сместени во Монополот- фабриката за тутун во Скопје. По две недели живеење во нечовечки услови, на 25 март во 14 часот тргна и вториот транспорт од 40 вагони натоварени со групи битолски, скопски и сите штипски Евреи. 7.144 Евреи тргнаа на пат. Но овој пат веќе не беше во неизвесност , туку напротив веќе се беше јано – долго и мачно патување до Треблинка. Од топлиот дом до прегратките на смртта, во вечноста.Скопје,Кралево,Земун,Рума,Загрб,Линденбург,Ченстохова,Пјотркув,Варшава, Малкинија и на крајот Треблинка. По пат починале многу лица, а на 1 април 1943 година во логорот биле предадени многу Евреи.Во крематориумите на Треблинка, смртта ја најдоа речиси сите Евреи од Македонија. Со тоа , всушност , логорот претставува заедничка гробница на повеќе од 7.000  Евреи од Македонија. Уништувањето на еден народ спаѓа меѓу страшните злодела на фашистичките полицајци и агенти предводени од Хитлер, кој , пак воден од ниски и назадни расистички побуди, ликвидираше повеќе од 6.000.000 евреи од целиот свет. Не простливи не се само злоделата на Хитлер, на други  Германци и на нивните сојузници, туку и фаталните грешки на мал број луѓе кои раководеа со човештвото во време на Војната.  Колку  тие настани да се негираат од поединци и колку тие да се прикриваат, сепак јасно е во денешницава дека сето тоа се случувало и постоело. Не постои хартија, не постои молив за да се опише сето тоа злосторско дело.  Тоа останало засекогаш како трајна последица,  во животот на сите оние кои , сепак успеале да се спасат и да го соопштат сиот тој ужас.И за крај апелирам до сите оние кои сакаат да се насладуваат со туѓи маки и страдања:‘‘Оставете му на народот да живее живот што му прилега, живот кој е достоинствен на човечкиот род. Оставете ги омразата и оружјето на страна, закопајте ги во некоја длабока дупка во која некогаш нема да продре човечкото око. Обезбедете му живот на секое дете, да се радува, да биде среќно, да живее безгрижно, да расте како што посакува секоја мајка да го види своето дете. Не мачете ги кутрите мали главчиња за зборовите – војна, страдања, смрт, оружје... ,  а наместо нив изговарајте ги зборовите – мир, љубов, слобода, радост, среќа... Само така секој човек би се чувствувал сигурен и среќен. Сè би било мирно, убаво и среќно. Онака како што може да се види од вселената набљубувајќи ја прекрасната планета’’By:Ivona Stankovska 8th grade student at Naum Naumovski Borce primary shool, Skopje Macedonia  
mk 8
Извештај за спроведени активности во основното училиште „ Петар Поп Арсов“, Скопје по семинар одржан на 26-28 Октомври 2012 во реализација на:
other projects
WebRep currentVote  noRatingnoWeight           Извештај за спроведени активности во основното училиште „ Петар Поп Арсов“, Скопје по семинар одржан на 26-28 Октомври 2012 во реализација на:Меморијалнот Центар на Холокаустот на МакедонијаИнститут за истражување на еврејската историја Centropa од Виена, АвстријаМинистерствотот за Образование и Наука на Република МакедонијаВо училиштето се реализираше програма на интегрирана настава  во рамките на вон-наставните активности за талентирани ученици од осмо одделение на тема „ Историјата на Евреите од Македонија и Холокаустот “ .Интеграција на настава по следните предмети:1. Историја - наставник : Наташа Стефановска, Мирјана Николовска2. Англиски јазик- наставник:  Даниела Штерјова3. Македонски јазик - наставник: Марија Петкова, Билјана РомевскиСодржина Цели Време на реализацијаВтората Светска војна и Холокаустот во Европа и Македонија •   Да се осознаат историските збиднувања во Европа и Македонија пред и за време на Втората Светска Војна и Холокаустот на Евреите преку истражување- групен облик на работа со користење на ИКТ• Да се стекнат знаења за  животот на Евреите во Македонија пред Холокаустот ( работа во групи – истражување со кристење на ИКТ )• Да се изработи постер(хамер) од наведената содржина• Презентација на англиски и македонски јазик  на постер - групен облик на работа 3 часа - СептемвриЕдукативни содржини  од веб страната www.centropa.org• Воведување во едукативните содржини на станицата www.centropa.org• Користење на едукативните содржини од наведената веб страница за пишување на есеј на англиски јазик 2 часа- ОктомвриДигитална содржина- филм„ Годините си го прават своето“ од веб страната www.centropa.org• Да се осознаат општествено – историските услови во Македонија пред и по Втората светска војна преку гледање на дигитална содржина- едукативен филм• Рефлексија од следењето на филмот по предметите историја и англиски јазик 2 часа – Октомври, Ноември„Дневникот на Ана Франк“ • Рефлексија/дискусија  по читањето на делото• Пишување на есеј на македонски јазик- Емоциите и размислувањата на учениците за делото „ Дневникот на Ана Франк“ 2 часа – НоемвриПосета на Музејот на Холокаустот• Да се стекнат сознанија за судбината на Евреите во македонија за верме на Холокаустот преку посета на Музејот и разгледување на музејски експонати• Да се состави новинарски запис на англиси јазик и македонски јазик – Посета на музеј• Да се презентира новинарски запис Еден ден за организирана посета – Ноември2 часа - ДекемвриСредба со претставник од Еврејската Заедница во синагога во Скопје • Да се стекнат сознанија за судбината/животот на Евреите во македонија по завршувањето ан Втората Светска војна• Да се стекнат сознанија за Еврејската култура, религија, традиционални празници, храна и сл.• Да се стекне вештината за правење на интервју• Да се изработи постер ( хамер ) на тема Еврејската култура, традиција, празници и сл. – групен облик на работа• Да се презентира изработен постер( хамер ) на англискии македонски јазик Еден ден за посета на синагога – Јануари2 часа – ЈануариИзработка на дигитална содржина – филм • Да се стекнат презнаења за составување на дигитална содржина-фил преку следење на видео водич на англиски јазик на веб страната www.centropa.org• Да се состави дигитална содржина од целокупниот снимен материјал на учениците во текот на целокупните активности( учениците праватдигитални записиво вид на фотогра-фии и кратки видео клипови за времена сите активности)  4 часа- ФебруариИзложба од изработки и презентација на дигитална содржина- филм • Презентирање на изработките од реализираните активности на македонски и англиски јазик• Презентирање на дигитална содржина- филм  И ден за поставување на изложбата – МартЕден ден за презентирање на изложбата и на филмот пред почесни гости – 10ти Март- денот на Холокаустот на Евреите во Македонија• Со цел реализација на планираните активности наставниците и учениците ги реализираат следните посети:1. Посета на Музејот на Холокаустот – Октомври 20122. Гледање на кино проекција- филм “ Трето Полувреме “  - Ноември 20123. Посета на проекција на филм “Call me a Jew”, Музеј на Холокаустот – Декември 20124. Посета на Еврејска заедница         -  Јануари 20135. Посета на синагога                          -  Јануари 20136. Интервју со член на Еврејската Заедница- Фебруари 20137. Посета на историско предавање реализирано од страна на претставник од музеј Јад Вашем – Израел ( Филозофски факултет) - Март 20138. Посета на Музеј на Холокаустот – Април 2013• Исто така, во рамките на реализацијата на наведената програма учениците изработија и дигитална содржина, односно филм на тема Историјата на Евреите во Македонија и Холокаустот  http://youtu.be/2F9jEnE7ZTg  под менторство на наставник по англиски јазик Даниела Штерјова.• Учениците учествуваа на натпревар за ликовна творба на тема Холокаустот на Евреите во Македонија во реализација на Музејот на Холокаустот на Македонија и ги освоија следните награди:а) Огнен Огненовски – 2 наградаб) Филип Добричиќ – 3 награда
mk
Aktivnosti- OU Nikola Petrov Rusinski, Berovo
History
“THE JEWISH LIFE THROUGH THE HOLOCAUST “ http://www.youtube.com/watch?v=b5hSsXfKaFAØ  Прво им дадов на учениците веб страни за извлекување некои информации поврзани со периодот на Холокаустот:1.www.ppuorg.uk/genocide – Магдалена Алаѓозовска 13 год.2.www.preventorprotest.org- Викторија Зелничка 13год.3.www.usip.org/programs/iniatives/genocide-prevention-task-forse – Анастасија Шутевска 13 год.4.www.hmai.si.edu – Александар Мирчовски 13 год.5.www.armenian- genocide.org – Душко Велински 13 год.6.www.yale.edu/cgp- Давид Калпачки 13 год.7.www.darfurdgenocide.com- Анастасија Велинска 13 год.8.www.infoukes.com/history/famine/index- Ана Марија Трнковска 13 год.Учениците ги разгледуваат веб страните и извлекуваат поважни информацииПреку испринтаните слики ги споредуваат информациите дадени од Интернет  Ø  Учениците преку овие веб страни истражуваа и ги извлекуваа главните информации и пишуваа есеи со теми поврзани со Евреите и нивниот живот во периодот на Холокаустот.Следниве ученици ги напишаа есеите со овие теми:1 .Александар Мирчовски-  „Inaugurating of president Roosevelt”2. Ана Марија Трнковска- “The Artificial Famine”3. Давид Калпачки – “The CGP ( Cambodian genocide proximately) of 1994- 20134. Душко Велински – “Armenian Genocide”5. Aнастасија Шутевска – “The Genocide”6. Љупка Мадевска – “The history of Jewish people”7. Магдалена Фиданска – “Holocaust and genocide today”8. Викторија Зелничка – „Holocaust“ Ø  Учениците на хамер залепија слики од животот, работата и мачењето на Евреите за време во периодот на ХолокаустотØ  Потоа четири ученика напишаа есеи на македонски јазик со овие теми:1. Стефанија Калпачка - “Љубовта помеѓу Барак и Марта“ 15 год.2. Љупка Мадевска- “ Холокаустот и страдањата на Евреите за време на Втората Светска Војна“ 14 год.3. Магдалена Алаѓозовска „Измачувањата на Евреите за време на Холокаустот“ 13 год.4.Магдалена Фиданска “Животот на Евреите“ 15 год.5.Анита Поповска- цртеж 15 год.6.Викторија Зелничка- добитник на цртежтрета награда 13 год. By:Sanja GastarskaEngllish teacher at Nikola Rusinski primary school in Berovo, MacedoniaWebRep currentVote  noRatingnoWeight            
mk 7