
Еврејската заедница во денешна Северна Македонија датира уште од римскиот период. Еврејското присуство во регионот значително се зголемило во 15 век, по доселувањето на пребегнатите сефардски Евреи од Инквизиција во Шпанија. На почетокот на 20 век, еврејската популација го достигнува својот максимум од 11.000 жители, но Првата Светска Војна принуди многумина од нив да емигрираат. Најголем дел од еврејското население било сконцентрирано во градовите Битола, Скопје и Штип, каде Евреите давале значителен придонес кон развојот на трговијата, културата и општеството во целост. Пред Втората Светска Војна, во регионот живееле околу 7.800 Евреи.
За време на Втората Светска Војна, Северна Македонија била окупирана од Бугарија - сојузник на Нацистичка Германија. Во март 1943 година речиси целокупното еврејско население -7 144 луѓе- беа упасени, а потоа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка. Ова претставува едно од најмрачните поглавја од историјата на регионот, во кое што преживејаа многу мал број Евреи, кои беа засолнати, или им се приклучија на Партизаните.
По холокаустот, Еврејската заедница беше речиси целосно уништена. Во Северна Македонија преживејаа само околу 150 Евреи, од кои подоцна многумина емигрираа во Израел. Денес Еврејската заедница на Северна Македонија опстојува во Скопје и брои околу 200 членови. Но, стремежот за сеќавање и оддавање почит на изгубените генерации продолжува да постои и понатаму, вклучувајќи го Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, основан во 2011 година.
Што се однесува до интевјуата на Centropa, ќе истакнеме дека ја имавме таа среќа да работиме со Рејчел Чанин – Американка која одлично зборува српски и е сопруга на Јицак Асиел, главниот рабин во Србија. И покрај своите многубројни општествено –културни активности, Рејчел ги спроведе нашите интервјуа во Северна Македонија.
Повеќе информации за холокаустот во Северна Македонија може да најдете тука: