БЕНО РУСО И РОЗА КАМХИ: ГОДИНИТЕ СИ ГО ПРАВАТ СВОЕТО

Бено и Роза се вљубија некаде во триесеттите години на минатиот век, а во 1946 година тие се венчаа. Во меѓувреме, најголемиот број од македонските Евреи, поточно над 7. 400 беа депортирани во логорот на смртта Треблинка. Ниту еден од нив не се врати жив дома. Бено и Роза, заедно со неколку нивни пријатели Евреи, на неполни дваесет години зедоа пушка в рака и им се приклучија на партизаните во борбата против фашизмот. Кога во 1945 година војната заврши Бено имаше само 24 години. Тогаш тој стана генерал. Оваа приказна не води низ бурни времиња се до 2011 година, при тоа опфаќајќи го перидот на смртта на Тито, распаѓањето на СФР Југославија, па се до отворањето на најголемит Музеј на Холокаустот во јужна Европа. На овој начин филмот е исклучително значаен при реализацијата на наставата по историја, историјата на Евреите и изучувањето на холокаустот.
Интервјуто со Бено Русо и Роза Камхи беше направено од страна на Рејчел Чанин во 2005 година. Филмот, кој всушност се базира на ова интервју е направен на барање на Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, во Скопје. Таму истиот се прикажува како составен дел од музејската поставка. Филмот е изработен во Македонија во режија на Стојан Вујчиќ и Апостол Тноковски, при што двајца реномирани актери ги читаат улогите на Бено и Роза. Со кликнување на копчето play ќе ве одведеме на сајтот на Музејот бидејќи овој филм е исто така прикачен и на Музејскиот сервер.

Study Guides

Македонска верзија

Букурешкиот договор бил склучен на 10 август 1913 година помеѓу Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и Грција. Согласно овој договор, територијата на етничка Македонија е поделена на три дела: Егејска Македонија и била доделена на Грција, Вардарска Македонија била приспоена кон Србија,  додека пиринскиот дел од етничка Македонија и бил доделен на Бугарија.

По завршувањето на Првата Светска Војна, Вардарска Македонија стана составен дел на новосоздадената држава – Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Оваа  ново создадена држава се протега на територијата на Западниот Балкан и Централна Европа. Уште од самиот почеток Кралството почнува  да се соочува со низа на проблеми кои се резултат на етничките, религиозните и културните разлики  на народите кои таму живееле. Во 1929 година кралот Александар воведува диктатура во Кралството и истото го преименува во „Југославија“ со цел смирување на меѓу-националните тензии  и сепаратистички тенденции. Исто така, тој направил нова внатрешна поделба на државата на области,  така-наречени бановини со цел надминување на постоечката поделеност на народите  на историска и етничка основа. Македонскиот национален идентитет не бил признат во Кралството Југославија. Вардарска Македонија  била во рамките на областа наречена Вардарска Бановина, чиј  административен центар бил градот Скопје.   

На 6ти април 1941 година Југославија беше нападната од вооружените сили на Оската со чинот на бомбардирање на нејзиниот главен град, Белград.  По освојувањето на Југославија земјата била поделена на неколку дела. Германија ја окупирала Словенија, најголемиот  дел од Србија, делови од Хрватска и цела Босна и Херцеговина. Италија го окупирала останатиот дел од Словенија, делови од Хрватска,  Далмација и Црна Гора.  Косово и западниот дел на Македонија бил приспоен кон така –наречената Голема Албанија. Бугарија го окупирала остатанатиот дел од Вардарска Македонија и југо-источниот дел на Србија.

Комунистичката Партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито го предводеше  комунистичкото партизанско движење на отпорот против фашистичката окупација. Во исто време, во земјата се појавија воени судири помеѓу ова комунистичко партизанско движење и хрватските фашистички воени формации наречени Усташи од една страна,  и про-монархистичките српски партизански вооружени формации, познати  како Четници, од друга страна. Најголемиот дел на македонските Евреи кои го преживеале холокаустот во Македонија им се беа приклучиле на комунистичките партизански сили во нивната борба против фашистичкиот окупатор. 

Новата федеративна држава Југославија беше основана на Второто Заседание на АВНОЈ (Анти- Фашистичко Собрание на Народното Ослободување на Југославија) кое се одржа во Јајце на 29 ноември 1943 година.  Делегатите кои биле присутни на Собранието потпишале Декларација според која новата федеративна држава Југославија се состоела од шест републики: Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и две покраини – Косово и Војводина. На овој начин, Македонија како една од шесте републики членки на федерацијата на државата Југославија за прв пат беше признаена за држава,  а Македонскиот народ за посебна нација со свој национален јазик – македонскиот.  На 7ми март 1945 година Јосип Броз Тито беше прогласен за претседател на привремената влада на Демократска Федеративна  Југославија. Во 1948 година како резултат на конфликтот помеѓу Тито и Сталин Југославија беше отстранета од меѓународната асоцијација на социјалистички земји - Коминтерна.

Во периодот од 1950 до 1980 Социјалистичка Федеративна Република Југосавија се соочува со низа на несогласувања помеѓу федеративните единки на државата.  Од 1980 година наваму економската криза која ја беше зафатила државата, како и појавата на националистичките претензии кај различните етнички групи придонесоа кон ескалација на тензиите, а потоа и до конечен распад на Југославија. На овој начин, постоечките тензии доведоа до вооружени конфликити и појава на граѓанска војна во повеќе делови од Југославија. Првата република која прогласи  независност од федерацијата беше Словенија, која наскоро беше следена од Хрватска. 

Република Македонија прогласи независност од Социјалистичка Федеративна Република Југославија во септември 1991 година.   

Sephardim

Сефарди се оние Евреи кои имаат потекло, односно ги следат традициите и обичаите на Евреите кои живееле на Пиринејскиот Полуостров (денешна Шпанија и Португалија) пред нивното протерување кон крајот на 15 век. Се нарекуваат Сефардим, зошто зборот „Sepharad“ на Хебрејски значи Шпанија. Во религиозна смисла на зборот, терминот Сефарадим се однесува на сите Евреи кои применуваат Сефардски стил на литургија. На тој начин овој термин го опфаќа најголемиот  дел од Евреите кои водат потекло од Средниот Исток, без оглед на тоа дали историски се поврзани со Пиринејскиот Полуостров или не.

Почетоците од постоењето на еврејски населби на Пиринејскиот Полуостров  не можат со точност да се утврдат.  Податоците за постоењето на еврејските населби на овие простори во пред античкиот период се многу оскудни. Попрецизните податоци кои се однесуваат на позначајните населувања на Евреите на овие простори датираат од античкиот период.

Во 1492 година со донесувањето на Декретот за Иселување (познат и како „Декретот од Алхамбра“), од страна на Кралот Фердинанд II од Арагон и Кралицата Изабела од Кастиља, повеќе од 20, 000 Евреи се протерани од Шпанија. Во 1497 година ист таков декрет бил донесен и од страна на Кралот Мануел I од Португалија. Во  оваа статија   на Jewish Virtual Library ќе можете да прочитате нешто повеќе за протерувањето на Евреите од Шпанија.

Голем број од протераните Евреи се населиле во Отоманското Царство, во чии што рамки тогаш припаѓала и територијата на етничка Македонија. Султанот Бајазит II широко ги отворил вратите на Царството за протераните Евреи. Дел од нив се населиле во области каде што денес се наоѓа Мароко, Алжир, јужна Франција и Италија.  Некои се населиле дури и на островот Куракао   кој се наоѓа во јужниот дел на Карибите.  

Ладино

Ладино, или Жудео-Шпански , е јазикот кој го зборуваат Евреите Сефарди. Тој се претворил во посебен јазик на Евреите од Шпанија по нивното протерување од Пиринејскиот Полуостров кон крајот на 15 век. Отсечени од понатамошниот развиток на јазикот кој тогаш се зборувал во Шпанија, Сефардите продолжиле да го зборуваат истиот јазик во заедниците и државите каде што се доселиле. На тој начин, јазикот Ладино ја одразува  граматиката и вокабуларот на Шпанскиот јазик од 14 и 15 век.

Во Сефардските заедници на Отоманското Царство Ладино јазикот не само што ги зачувал старите јазични форми на Шпанскиот, туку исто така попримил многу зборови од Хебрејскиот, Арапскиот, Грчкиот, Турскиот, па дури и Францускиот јазик. На овој начин, Ладино јазикот претрпува многу промени.

Исто како и другите историски еврејски јазици,  така и јазикот Ладино денес е во опасност од истребување (друг таков типичен пример е јазикот Јидиш). Повеќето Сефардски Евреи на кои Ладино им е мајчин јазик се во поодминати години; многу од нив се отселени во Израел и на тој начин јазикот не се пренесува на новите поколенија. Но сепак, Ладино јазикот бележи делумно оживување меѓу припадниците на Сефартските заедници, како на пример преку музиката.    

Стефан Сабљиќ е познат театарски режисер од Србија, но исто така тој е музичар и основач на групата Shira u’tfila. Оваа реномирана музичка група со светски глас, тежнее кон зачувување и понатамошно  развивање на музичкото културно наследство на Сефардите на просторите на Балканот, Средоземјето и Северна Африка.

“El Amaneser” е додаток на турскиот весник „Salom” кој е напишан на Ладино и излегува во печат еднаш месечно.  Тој содржи статии кои се однесуваат на Сефардската култура.   Во оваа статија на Istanbul Sephardic Center  ќе можете да прочитате нешто повеќе за El Amaneser.

Lesson plans for this film

7 results
For grades Documents

The Years Make Their Own: Teaching ESL/History

History
8

Centropa Biography Film/Stolpersteine Assignment

History, other projects
In this project, students work in pairs to read Centropa biographies, create a 5 minute video about the interviewee, and design a Stolpersteine (commemorative stone) for them.
6, 7, 8, 9

Exploring Bitola through the film about Beno and Roza

History

The city as an interactive classroom.

A research project about Jewish life in Bitola before WW2, consisting of six 40 min. lessons and centering around the film "The years make...

6

Истражувајќи ја Битола преку филмот за Бено и Роза

History

The city as an interactive classroom.

A research project about Jewish life in Bitola before WW2, consisting of six 40 min. lessons and centering around the film "The years make...

6

Using the Beno and Roza film with Macedonian students

History

This lesson is intended for Macedonian students in the final year of primary education (aged 14-15) The content of this lesson is part of the civic education curriculum, topic –...

9

Aktivnosti- OU Nikola Petrov Rusinski, Berovo

History

“THE JEWISH LIFE THROUGH THE HOLOCAUST “

http://www.youtube.com/watch?v=b5hSsXfKaFA

Ø  Прво им дадов на учениците веб страни за извлекување некои информации поврзани со периодот на Холокаустот:

1.www.ppuorg.uk/genocide – Магдалена Алаѓозовска...

7

Lesson Plan | The Years Make Their Own

History

Centropa lesson

Centropa film: The Years Make Their Own

Teacher: Biljana Shotarovska

School: Blaze Koneski Primary school – Skopje, Macedonia

Overview information

Type of school...

9