Дневно планирање | Граѓанско образование

WebRep
 
currentVote
 
 
noRating
noWeight
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Дневно планирање
Граѓанско образование

Училиште: Наум Наумовски Борче
Наставник: Лилјана Стефановска
Паралелка: VII/8 а,б,в
Тема: Човекот, човековите права и слободи
Наставна содржина: Човекови права и слободи
Тип на часот : вежби
Дата на реализација: 01.03.2013 год.
Цели на часот:
• да ја сфати важноста на основните човекови права и слободи;
• да ги анализира последиците од непочитувањето на основните човекови права

Обем и редослед на содржината:
• 1 (еден) наставен час;
• Човекови права и слободи(живот, слобода, слобода на мислата, слобода на движење, вероисповед, правично судење, право на државјанство);
• Клучно прашање: Која е важноста на основните човекови права и слободи?
Методи за утврдување на предзнаењата:
• За дијагностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која овозможува поврзување на стекнатите знаења за наставната тема.

Методи и техники на учење
• дијалог
• демонстрација
• дискусија
• бура на идеи
• актуелизирање
• проблематизирање
• презентација
• дигитална содржина
• Грозд- метод Методи за оценување (формативни и сумативно):
• Постигнатоста на целите и учењето на учениците се оценува формативно преку демонстрација на практични изведби, усни презентации, разговор со учениците, усни одговори на прашања поставени од ученици, усни одговори на прашања поставени од наставникот.
Наставни средства и материјали:
• ИКТ (Power Point);
• LCD- проектор
• учебник по Граѓанско образование;
• училишна работилница, практикум по Граѓанско образование  ;
• стандардна опременост на училишната работилница;
• други извори на учење во непосредната околина - појави во општеството и односите меѓу луѓето.
Воведни информации на наставникот:
На овој наставен час ќе се утврдат основните или граѓански права и слободи.
Учениците ги анализираат и донесуваат заклучоци за важноста на основните човекови права и нивното почитување.
Активност на наставникот и учениците:
Наставникот врши поврзување на претходната наставна содржина со активностите кои следат со поставување на кратки прашања. Ги запознава  учениците со целите на часот. Дава вовед во активноста во која треба да ги определат основните  човековите права и слободи со помош на Грозд Метода.  (5 мин)
Наставникот врши презентација на тема “70 години од холокаустот на Евреите во Р.Македонија“. Ги запознава учениците со историјата, културата, традицијата,религијата и вредностите на Евреите во Р.Македонија.(10 мин.) Ги определува поимите холокауст и геноцид. Дискутира со учениците за основните човекови права кои се повредени во однос на Евреите во Р.Македонија.(5 мин.)  Потоа наставникот презентира дигитална содржина- краток филм “ Браќа засекогаш“, посветен на еврејското семејство Леви од Штип.(10 мин.) Развива дискусија која води кон анализа на впечатоците, чувствата, сознанијата и последиците од непочитувањето на основние човекови права и слободи.(5 мин.) Дава усна повратна информација за извршената анализа и степенот на усвоеност на наставниот материјал. На крајот од часот проверува колку учениците ги усвоиле поставените цели.(5 мин)
Учениците ги повторуваат усвоените содржини со одговарање на поставените прашања со примена на Грозд метода. Потоа ја следат презентацијата за животот на Евреите во Р.Македонија и се запознаваат со нивната историјата, култура, традиција, религија и вредности. Се запознаваат со поимите холокауст и геноцид и преку дискусија определуваат кои основни човекови права и слободи се повредени и не се почитуваат. Ја следат презентацијата на дигиталната содржина- краток филм “ Браќа засекогаш“. Дискутираат за впечатоците и сознанијата до кои дојдоа со анализа на животот и судбината на семејството Леви од Штип. Ги слушаат усните повратни информации за степенот на усвоеност на основните  човекови права и слободи.
На крајот од часот проверуваат колку ги усвоиле поставените цели.
Домашна задача: гледајте го филмот за “Бено Русо и Роза Камхи“ на веб страната  centropa.org.
Напишете состав за животот на Бено и Роза со наслов “Живот достоен за почит“.
Очекувани исходи:
•  ја сфаќа важноста на основните човекови права и слободи;
• ги анализира последиците од непочитувањето на основните човекови права

Евалуација на часот
Постигања: Учениците ги постигнаа поставените цели на часот, ја сфатија   важноста од почитувањето на основните човекови права и слободи. Ги  проширија знаењата за историјата, културата, традицијата, верата и вредностите на еврејската заедница во Р.Македонија. Се запознаа со животот и судбината на семејството Леви од Штип. Успешно ги анализираа последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи.

Потешкотии: Некои ученици на почетокот имаа потешкотии во сфаќањето на важноста на основните човекови права и слободи, и во  анализата на  последиците од непочитувањето на основните човекови права, кои подоцна во текот на часот беа надминати.

Импликации за работа во иднина: дополнително објаснување на активностите кај учеици кои имаат потешкотии во учењето.
Следени ученици од VII/8 а одд.
Сара Мирчевска: внимателно ги следи презентациите покажува креативност во анализирањето на последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи. Успешно дискутира.
Виктор Наковски: внимателно ги следи презентациите, ги сфаќа  последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи. Успешно дискутира.
Марио Трајковски: ги следи презентациите, ги сфаќа  последиците од непочитувањето на основните човекови права и слободи. Дискутира со потешкотии.

Lesson Plan details