ИЗЛОЖБАТА ЗА САРАЕВО

Босанско-Српската опсада на Сараево, која траеше од пролетта во 1993 година па се до зимата во 1996 година, е една од најдолгите опсади која се памети во последниве години. Со исклучувањето на струјата и водата, повременото снабдување со храна и 11, 541 човечки жртви убиени од снајперисти и минофрлачи, на Сараевчани не им преостануваше ништо друго освен да си помогнат еден на друг.   

Во една стара и запуштена синагога, група Евреи кои го преживеале холокаустот заедно со своите наследници ја оформија еврејската хуманитарна организација - La Benevolencija. Кој работеше таму? Евреи и Муслимани, Православни Срби и Хрвати Католици – оние од нив кои никогаш не помислуваа дека еден етникум е супериорен над другите.    

На крајот на краиштата, Евреите убаво си живееја со сите соседи уште од денот кога се беа населиле во Сараево во 16 век. Ова е приказната за тоа како Евреите им се оддолжија на своите соседи за тоа. 

Овој проект се базира на книгата на Едвард Серота, Преживувањето во Сараево: Евреите, Босна и Лекциите од Минатото, публикувана во 1994 година, која повеќе ја нема во продажба 

но е достапна на abebooks.com.  Оваа изложба е финансирана од  JDC (the American Jewish Joint Distribution Committee) и фондациите Milton и Rosyln Wolf. 

Оваа изложба се состои од девет панели, со тоа што секој од нив раскажува посебно заглавие од приказната. Панелите се долги 280 cm и се испечатени од двете страни и затоа не можат бидат ставени во близина на ѕидовите. Училиштата кои сакаат да ја донесат оваа изложба во своите простории, можат да го направат тоа без плаќање на надоместок. Надоместокот за другите институции е во висина од $1,000. Од секоја институција очекуваме да го подмири надоместокот за транспорт на изложбата до следната локација. 

За да дојдете до линкот на нашиот филм кој се однесува на приказната Преживувањето во Сараево, до фотографиите од изложбата, како и до повеќе информации за конфликтот во Босна, посетете го нашиот веб сајт на: http://upload.centropa.org/upload/centropa-sarajevo/Centropa.org___Sarajevo/Sarajevo_home.html

Заинтересирани сте да бидете домаќини на оваа изложба?  Ова се подробностите: 

Димензиите на панелите кога се отворени и исправени се следните: 

  • должина: 280cm  
  • висина: 230cm  

За да можете да го пресметате надоместокот за транспорт, ви напоменуваме дека изложбата е спакувана во 28 кутии.

  • 18 големи кутии: димензиите на една кутија со еден свиткан панел во неа: 100cm x 70cm x 10 cm 
  • 9 помали кутии: димензиите на една кутија со еден свиткан панел во неа: 30cm x 70cm x 10 cm 
  • 1 многу мала кутија со хардвер

Приближна целокупна тежина: 420kg

Доколку сакате да ја донесете изложбата во САД, ве молиме исконтактирајте ја Lauren Granite на granite [at] centropa.org.

WebRep
 
currentVote
 
 
noRating
noWeight
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Exhibition panels