Основно училиште „Стив Наумов“- Битола, Македонија

Centropa наставен час- Истражувачки проект

 Centropa Филм : Годините си го Прават Своето

Наставник: Драган Ѓоргиевски

Училиште: Основно училиште „Стив Наумов“-  Битола, Македонија

Основни информации:

Тип на училиште: Државно училиште

Наставен предмет: Етика во религиите

Возраст на учениците: 6 одделение ( 11-12 години)

Број на наставни часови: 6 часови по 40 минути

Информации за часот – Истражувачки проект

Овој истражувачки проект се реализираше во рамките на ученичките вон-наставни активности. Проектот се изработи преку итеграција на настава по повеќе предмети и тоа: етика во религиите, етика, историја, информатика и македонски јазик. Целта на овој проект е да го стимулира истражувачкиот дух кај учениците и нивната мотивираност да научат нешто повеќе за еврејската етничка заедница која опстојувала во Битола пред Вторта Светска Војна преку примена на современи методи и технологии во наставата. Барањата на проектот се компатибилни со возраста на учениците и наставните програми по наведените предмети.

Образовни цели:

Историја:

  • Стекнување на знаења за Втората Светска Војна
  • Запознавање со историјата на Евреите од Битола
  • Осуда на Холокаустот како едно од најголемите зла на човештвото

Етика во религиите,  македонски јазик и етика:

  • Стекнување на знаења за религијата Јудаизам
  • Запознавање со етичките и моралните вредности на Јудаизмот, заедништвото и семејните вредности
  • Запознавање со јазикот Ладино како еден од јазиците кој се зборувал во Битола пред Втората Светска Војна
  • Запознавање со еврејските обичаи, култура и традиција .

Општи (универзални) цели:

  • Развивање на свест за мулти-етничност и меѓу-национална толеранција
  • Примена на иновативни методи во наставата
  • Зголемување на мотивираноста кај учениците за учење
  • Подобрување на вештините на учениците за правење на истражување
  • Примена на современи методи на настава – коритење на градот како училница - виртуелна временска машина за патување од сегашноста во минатото
  • Стекнување на трајни знаење за историјата на градот и етничките заедници кои живеат во него
  • Создавање на база на податоци со цел реализирање на наведените цели
  • Развивање на чувство за заедништво, соживот и емпатија

Ресурси:

Официјалната страна на Centropa:  http://www.centropa.org/

Линк за филмот „Годините го прават своето“ -   http://www.centropa.org/centropa-cinema/beno-and-roza-kamhi-years-make-their-own?subtitle_language=

Фотографии од ресурсите на Centropa:

http://www.centropa.org/pictures-stories?type[]=photo&title=Ruso&donor=44956#collapsed

Историскиот архив, Битола

Завод на музеи и  Галерија, Битола) 

Иститутот за Национална Историја, Гласник бр. 5 (реконструкција на јазикот Ладино и еврејските обичаи)

http://www.centropa.org/sites/default/files/documents/glasnik_55_celosen.pdf

Интернет

Facebook page - Кај ми се комшиите  https://www.facebook.com/KajMiSeKomsiite?ref=bookmarks

Компјутер, ЛЦД проектор

Фаза  1 (Час 1 и 2)

Час 1

Воведен дел

Активност 1: Наставникот ја воведува темата, преку кратка презентација – „Да не се повтори“ (животот и историјата на Евреите од Битола, пред Војната и потоа)

Активност 2: Наставникот го воведува филмот.

Главен дел

Активност 1:  Учениците го гледаат филмот

Активност 2:  Учениците се делат на три групи и дискутираат на следните теми:

  • Група А: Кој е лошиот аспект на филмот (Што е она што не ти се допаѓа? Дали би се обидел нешто да смениш?)
  • Група Б: Мотивирачките елементи во филмот
  • Група В: Кои се местата, зградите, улиците и ликовите во филмот кои ги препознаваш и можеш и денес да ги видиш во Битола? 

 Завршен дел:

Активност 1: Дискусија по одговорите од работата во групи

Час 2

Воведен дел

Активност 1: Наставникот го воведува часот и барањата од учениците – со помош на програмата snap shot учениците вадат слики од филмот од автентичните места во градот

Главен дел

Активност 1: Учениците ја извршуваат задачата

Активност 2: Работа во групи

·       Група А: Ги подредува добиените слики по хронолошки редослед и подготвува кртака усмена презенатација за историските настани кои се поврзани со секоја од сликите

  • Група Б: Креира патека/ маршрута според која дадените места ќе се посетат

Завршен дел

Активност 1: Претставници од двете групи ја презентираат зададената задача

Фаза 2 (Час 3 и 4)

Градот како интерактивна училница – истражување на терен

Образовни цели

·       Стекнување созананија за животот на Евреите во Битола пред Втората Светска Војна

·       Собирање на материјал со цел создавање на база на податоци

·        Собирање на материјал со цел снимање на ученички филм

Воведен дел

Активност 1: Учениците се делат во 3 групи

·       Група А ќе прави фотографии од местата кои ќе се посетат

·       Група Б ќе снима видео снимки од местата кои ќе се посетат

·       Група В ќе собира (запишува) информации добиени на терен

Главен дел

Активност 1: Учениците предводени од наставникот ги посетуваат следните локации:

  • Еврејските маала во градот Битола
  • Пионерскиот Дом
  • Местата каде биле лоцирани битолските синагоги
  • Еврејските гробишта

Активност 2: Учениците ги изработуваат задачите кои им беа зададени по групи

Завршен дел

Активност 1: Враќање во училница, дискусија по собраната база на податоци

Фаза 3 (Час 5 и 6)

Час 5

Воведен дел

Активност 1: Наставникот ги воведува целите на часот – стекнување на сознанија за еврејската култура, традиција и религија со цел создавање на целосна слика за животото на Евреите кои живееле во Битола пред Втората Светска Војна.

Активност 2: Наставникот ги дели учениците 4 во групи

Главен дел

Активност 1: Наставникот поделува на секоја од групите однапред подготвен испечатен материјал на следните теми:

Група 1: Еврејските празници

Група 2: Религија Јудаизам

Група 3: Обичаите, културата и традицијата на сефардските Евреи од Балканот (гатанки, поговорки, народни песни и балади)

Група 4: Ладино- јазикот на сефардските Евреи од Балканот ( Гласник бр. 5 – Институт за Национална Историја)

Активност 2: Учениците работат на поделениот материјал и подготвуваат кратка усмена презентација на материјалот

Активност 3: Претставник од групите прави усмена презентација на групната работа

Завршен дел

Активност 1: Учениците се обидуваат да прочитаат зборови на јазикот Ладино од Гласник 5 – Институт за Национална Историја

Активност 2: Дискусија со учениците за она што го научија на часот

Домашна задача: За следниот час да се донесе материјалот кои учениците го собраа на терен за време на час 3 и 4

Час 6

Воведен дел

Активност 1: Наставникот ги дели учениците во групи според задачите кои им беа доделени на учениците за време на теренското  истражување – час 3 и 4

Главен дел

Активност  1: Учениците во групи од 4-5 ученици го прикачуваат собраниот материјал од теренското истражување на нивната Facebook страна Каде ми се комшиите? Според зададените задачи учениците прикачуваат: 

а) фотографии од посетените места

б) видео снимки од теренското истражување

в) пишан материјал од теренското истражување

Завршен дел

Наставникот и учениците ја разгледуваат создадената база на податоци  на Facebook страната Каде ми се комшиите? на ЛЦД проектор

Забелешка: Дел од реализираните активности можат да се погледнат на http://www.centropa.org/border-jumping/school/ou-stiv-naumov-ou-dame-gruev-other/po-stapkite-na-eden-film-do-edno-minato