10
Apr
2014
صورة Centropa

Холокаустот и страдањата на Евреите за време на Втората светска војна.

Author: 
Ivona Stankovska

Холокаустот и страдањата на Евреите за време на Втората светска војна.

 

  Студена зимска вечер. Додека бев седната во топлата соба, удобно сместена покрај старата печка и слушајќи го отчукувањето на часовникот, една мисла ме понесе далеку, во еден друг свет. Се наоѓам некаде во бескрајната вселена и ја набљудувам нашата планета со нејзините убавини.  Им се  восхитувам на синилото, зеленилото, белината , сето тоа помешано меѓу себе. Таа комбинација на бои гледана од околу изгледа прекрасно.  Но дали навистина е така? Дали се е мирно, тивко и убаво на земјата?
  Но, ако за момент навлеземе во било кој дел од континентите, ќе забележиме многу разлики.  Некои луѓе се среќни, весели полни со живот, а некои пак  се тажни несреќни, очајни од својата судбина и живот во кој надежта секој ден полека исчезнува или веќе ја нема. Па си помислувам : ‘‘Грев ли е да се биде човек, да се биде живо суштество, грев ли е да се биде дете? Грев ли е да се расте и љуби? Ако сепак е грев, тогаш Господ е грешен! Болна е и самата помисла’’, а планетата е една . Чекориме по иста земја. Нè грее исто сонце.  Но, сепак не сме сите исти. Постоеле голем број луѓе и една страшна омраза, побудена од разликите на кожата, која за жал и сега е присутна во некои земји. Националистичките стремежи, желбите за доминација на својот над друг народ се дополнителна причина за безмилосните убивања на невини луѓе.  Сите сме сведоци на една таква војна, присутна на нашиве простори. Зар малку беа сите оние животи дадени во Втората светска војна? Германиците очигледно не го сфаќале сознанието дека животот е убав и единствен, дека секој треба да живее како што сака... дека животот чиј и да е – не е нивна сопственост.
Не смееле да ја гаснат штотуку запалената свеќа, да одземат нечие ’’утре‘‘, најчисто еврејско ’’утре‘‘. А тоа го правеле.Пепелот во логорите зборуваат за тоа уништување на животи. Колку ли само искри згаснаа? Колку ли само ѕвезди го изгубија сјајот? Искрите ќе направеа сонце, ѕвездите небо... Нема човек кој нема да го заинтересира судбината на овој народ.. За неговото име се врзани векови и до ден  - денес  тешки борби за добивање на своите основни права. Раселен низ целиот свет, кај овој достоинствен народ никогаш не згаснала, не гасне, а нема ни да згасне љубовта спрема тоа што сè. Нема поизмачен народ од овој. Од поновата историја концентрационите логори се само неми споменици за непоправливите неправди спрема еврејскиот човек. Огромни се страдањата на еврејскиот народ. Многу книги, филмови, споменици сведочат за тоа. Зашто маките на евреите морале да бидат толку големи? Сето тоа се случувало поради суровоста на овој безмилосен свет.

                                   * * *

  Нов ден. Сеуште треперливи улични светилки ја разбиваа мрачната монотонија. Се раѓаше нов ден, 11 март, во тешката и мачна  ’43 – година.
Градот спиеше. Се лулееше руменилото на мугрите. Започна  грубото изнесување од  домовите на сé уште сонливите деца, нивните родители, нивните најблиските. Паника се чувствуваше на улицата на Евреите кои брутално беа изнесувани од нивните домови. Еврејското население со камиони и пеш го започна својот долг пат, пат кон неизвесност и ужас, патот кон смртта.

Од камиони Евреите беа префрлени на железничката станица каде што во 14 вагони, во 15 часот тргнаа кон Скопје. Штипскиот транспорт, заедно со транспортот на Евреите од Битола, пристигнаа во Скопје на полноќ. Тој ден градот Штип осиромаши за 131 семејство со вкупно 553 граѓани. Мал беше бројот на оние штипски Евреи, кои по игра на судбината успејаа да  се спасат од окупаторот. Сите беа сместени во Монополот- фабриката за тутун во Скопје. По две недели живеење во нечовечки услови, на 25 март во 14 часот тргна и вториот транспорт од 40 вагони натоварени со групи битолски, скопски и сите штипски Евреи. 7.144 Евреи тргнаа на пат. Но овој пат веќе не беше во неизвесност , туку напротив веќе се беше јано – долго и мачно патување до Треблинка. Од топлиот дом до прегратките на смртта, во вечноста.
Скопје,Кралево,Земун,Рума,Загрб,Линденбург,Ченстохова,Пјотркув,Варшава, Малкинија и на крајот Треблинка. По пат починале многу лица, а на 1 април 1943 година во логорот биле предадени многу Евреи.
Во крематориумите на Треблинка, смртта ја најдоа речиси сите Евреи од Македонија. Со тоа , всушност , логорот претставува заедничка гробница на повеќе од 7.000  Евреи од Македонија. Уништувањето на еден народ спаѓа меѓу страшните злодела на фашистичките полицајци и агенти предводени од Хитлер, кој , пак воден од ниски и назадни расистички побуди, ликвидираше повеќе од 6.000.000 евреи од целиот свет. Не простливи не се само злоделата на Хитлер, на други  Германци и на нивните сојузници, туку и фаталните грешки на мал број луѓе кои раководеа со човештвото во време на Војната.

  Колку  тие настани да се негираат од поединци и колку тие да се прикриваат, сепак јасно е во денешницава дека сето тоа се случувало и постоело. Не постои хартија, не постои молив за да се опише сето тоа злосторско дело.  Тоа останало засекогаш како трајна последица,  во животот на сите оние кои , сепак успеале да се спасат и да го соопштат сиот тој ужас.
И за крај апелирам до сите оние кои сакаат да се насладуваат со туѓи маки и страдања:
‘‘Оставете му на народот да живее живот што му прилега, живот кој е достоинствен на човечкиот род. Оставете ги омразата и оружјето на страна, закопајте ги во некоја длабока дупка во која некогаш нема да продре човечкото око. Обезбедете му живот на секое дете, да се радува, да биде среќно, да живее безгрижно, да расте како што посакува секоја мајка да го види своето дете. Не мачете ги кутрите мали главчиња за зборовите – војна, страдања, смрт, оружје... ,  а наместо нив изговарајте ги зборовите – мир, љубов, слобода, радост, среќа... Само така секој човек би се чувствувал сигурен и среќен. Сè би било мирно, убаво и среќно. Онака како што може да се види од вселената набљубувајќи ја прекрасната планета’’

By:
Ivona Stankovska 8th grade student at Naum Naumovski Borce primary shool, Skopje Macedonia
 

 

Material Category: 
Tags: 
glqxz9283 sfy39587stf02 mnesdcuix8
glqxz9283 sfy39587stf03 mnesdcuix8